Дома Фудбал Ова ретко се гледа: Арда Ѓулер постигна гол од пола терен! (Видео)

Ова ретко се гледа: Арда Ѓулер постигна гол од пола терен! (Видео)

Реал Мадрид без поголеми проблеми ја оправда фаворитската улога и во 28. коло од Ла Лига го совлада Елче со убедливи 4-1.

„Кралскиот клуб“ најголемиот дел од работата ја заврши уште пред паузата. Во 39. минута Рудигер го отвори резултатот, а само пет минути подоцна Валверде ја зголеми предноста на 2-0.

Елче тешко доаѓаше до вистински прилики, па домаќините мирно го контролираа натпреварот. Во продолжението Хујсен во 66. минута донесе и трет погодок за Реал. Гостите до почесен гол стигнаа по автоголот на младиот Моран во 85. минута.

Сепак, последниот збор го имаше Арда Ѓулер кој само неколку минути подоцна постигна спектакуларен гол од својата половина.

Со оваа победа Реал Мадрид стигна до 66 бодови и останува во трката за врвот, со еден бод помалку од лидерот Барселона, која утре на домашен терен ја пречекува Севиља.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Меси стрелаше во дербито во МЛС, но Интер Мајами не победи (Видео)

Лионел Меси изминатата вечер го постигна својот 19. гол во МЛС лигата сезонава, но неговио…