Германски Лајпциг вчера одигра одличен натпревар, но, можеби подобро ќе беше тоа да не се случеше.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Лајпциг вчера буквално го „уништи“ Монако на гостински терен. Тимот од Кнежеството изгледаше страшно на отварањето на натпреварот и после само девет минути игра веќе имаа предност од 2:0, но тука не застанаа. До крајот на полувремето беше 4:1, на крајот тој резултат се покажа и како конечен.
Благодарение на оваа победа Лајпциг дојде до седум бодови во групата „Г“ и има реални шанси за пласман во осминфиналето. Но, веднаш по натпреверот се појавија и германските аналитичари кои сметаат дека на Лајпциг можеби подобро ќе му беше да одигра реми во Монте Карло.
Ситуацијата во групата „Г“ е таква што Бешикташ веќе го обезбеди првото место и пласманот во осминафиналто, додека Монако е без шанси и за третото место кое води во Лигата на Европа, додека еден од Порто и Лајпциг ќе му прави друштво на Бешикташ во осминафиналето. И едниот и другиот тим имаат по седум бодови, но Порто има предност поради меѓусебниот дуел со Лајпциг. Во Германија беше 3:2 за, а во Португалија 3:1 за Порто.
И тука доаѓаме до идејата за теорија на заговор. Имено, во последното коло Лајпциг го дочекува Бешикташ, а Порто Монако. И двете гостински екипи нема да имаат премногу мотиви на овие натпревари, па Порто има големи шанси да се најде во осминафиналето.
Доколку пак вчера натпреварот помеѓу Монако и Лајпциг завршеше без победник, ситуацијата би била нешто поинаква. Монако тогаш би имал 3 бода, Лајпциг 5, а Порто 7. Во тој случај клубот од Кнежеството би имал шанса за пласман во Лигата на Европа, а со тоа и поголеми мотиви пред гостувањето на „Драгао“.
Но она што го забораваат Германците и оние кои веруваат во теорија на заговор е: Што ако при таква ситуација Бешикташ го победеше Лајпциг, а Монако славеше кај Порто? Тогаш Германците би останале и без Лигата на Европа.