
Педро Нето се најде на удар на критики откако го турна момчето задолжено за собирање топки за време на натпреварот кога Челзи се соочи со пораз од 2:5 против Пари Сен-Жермен во Лигата на шампионите. Инцидентот се случи во судијата додаденото време, кога португалскиот крилен играч се обиде брзо да изведе аут и го турна момчето во градите кое, како што изгледаше, се двоумеше да ја врати топката на теренот.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Оваа тешка ноќ за Челзи во Париз дополнително ја засени овој контроверзен потег на Педро Нето. При резултат од 4:2 за домашниот тим, неговата желба брзо да продолжи со играта се претвори во физичка конфронтација покрај аут-линијата. Нето го турнал собирачот на топки кон рекламните паноа, а навивачите на социјалните мрежи веднаш го нарекоа „одвратен“ потег. Иако неговото дејствие беше грубо, 26-годишниот фудбалер избегнал жолт картон, но сеуште му се заканува потенцијална казна од УЕФА поради реакцијата.
За да ја поправи ситуацијата, Нето по натпреварот се сретнал со момчето и му се извинил лично. Откри дека во овој разговор му помогнал неговиот сонародник од португалската репрезентација и играч на ПСЖ, Витиња, за да се увери дека момчето разбрало зошто му е жал.
Крилниот играч на Челзи му го подарил и својот дрес, а подоцна се појавил пред камерите на ТНТ Спортс за јавно да изрази каење. Тој нагласил дека ова однесување не е во склад со неговиот карактер и дека било поттикнато исклучиво од притисокот на неповолниот резултат.
O Pedro Neto empurrou o gandula pra pegar a bola 😳
— DataFut (@DataFutebol) March 11, 2026
pic.twitter.com/FvJMRcMZ5S
“Сакам да се извинам. Веќе разговарав со него. Тоа беше во жарот на моментот. Губевме и сакав да ја земам топката. Малку го турнав, а тоа не смее да се случува. Видов дека го повредив, а јас не сум таков. Тоа беше во афект, му го дадов мојот дрес. Морам да се извинам. Навистина, навистина ми е жал за тоа”, објасни Нето и додаде:
“Веднаш се обратив со него и се насмеавме, задоволен беше затоа што му го дадов дресот, а јас се извинив можеби 35 пати. Не го разбирав што зборува на француски, но се насмеа и мислам дека разбрал дека тоа беше во жарот на борбата.