Дома Останати Кошарка Ова е Анамарија со која Лука Дончиќ ја прекина веридбата (Фото)

Ова е Анамарија со која Лука Дончиќ ја прекина веридбата (Фото)

Во ноќта кога Лука Дончиќ постигна нова историска игра во НБА лигата и го сруши рекордот на Коби Брајант кај Лос Анџелес Лејкерс, од Соединетите Американски Држави пристигнуваат сосема поинакви вести. Наместо да се пишува за игрите на словенечкиот играч на теренот, се дојде до информација дека пукнала неговата веридба со Анамарија Голтес.

Како што јавува познатиот „ЕСПН“, Лука Дончиќ и Анамарија Голтес не се повеќе заедно, а словенечкиот кошаркар инаку има две ќерки со неа, бидејќи неговата досегашна избраничка на НБА-ѕвездата се породила во декември месец.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Интересно е што и самиот Дончиќ достави опширно соопштение до ЕСПН во кое потврди дека сé што се случува зад завесата е точно и дека тој сега се бори за старателство над ќерките.

Ги сакам моите ќерки повеќе од сè и правам сè што е во моја моќ тие да бидат со мене во САД за време на сезоната. Но тоа не беше можно, па затоа неодамна донесов одлука да ја прекинам свршувачката. Сè што правам е за среќата на моите ќерки и секогаш ќе се борам да бидам со нив и да им обезбедам најдобар живот што можат да имаат – напиша Словенецот.

Претходно се појави информација дека Анамарија Голтес барала од Лука Дончиќ да добие алиментација за грижата за ќерките, како и покривање на адвокатските трошоци од Дончиќ.

Инаку, Анамарија Голтес е позната манекенка и претприемачка, како и инфлуенсерка. Двајцата беа во врска многу долго, уште од младоста, а Лука ја запроси во 2023 година.

Родена е на 30 април 1998 година во Словенија, студирала на Економскиот факултет во Љубљана, а по доаѓањето во САД не се откажала од студиите и продолжила академски да се усовршува. Се занимавала и со танцување пред да одлучи конечно да стане манекенка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Адебајо откако постигна 83 поени во НБА: Слушам дека не играле одбрана…

Бам Адебајо одигра неверојатeн и историски натпревар постигнувајќи 83 поени за Мајами Хит …