Дома Останати Кошарка Дончиќ е чиста магија: Го урна рекордот на Коби Брајант во Лејкерс, повторно заблеска со трипл-дабл (Фото)

Дончиќ е чиста магија: Го урна рекордот на Коби Брајант во Лејкерс, повторно заблеска со трипл-дабл (Фото)

Неверојатниот словенечки кошаркар, Лука Дончиќ продолжи да блеска и оваа ноќ во НБА лигата. Во победата на Лос Анџелес Лејкерс против Минесота на домашен терен (120:106), тој повторно постигна трипл-дабл, со што продолжи да ја пишува и историјата на оваа франшиза.

Дончиќ го заврши натпреварот со 31 поен со 11 скока и 11 асистенции, шутирајќи 7/12 за два поена, 4/12 за три, како и 5/6 од линијата за слободни фрлања. Со новиот трипл-дабл, тој го собори рекордот на Коби Брајант во Лос Анџелес Лејкерс по број на постигнати трипл-даблови со 30 или повеќе поени.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Коби успеа да оствари пет такви резултати низ кариерата, додека Лука сега има шест и продолжува да ги лови останатите легенди кои го носеле дресот на Језерата. Следен на листата е Џери Вест со осум трипл-дабли, потоа следи Елџин Бајлор со девет, Леброн Џејмс има 14, а Меџик Џонсон 17.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Ноќ за историја: Бам постигна 83 поени и го надмина Коби! (Видео)

Веста ја обиколи планетата, изгледа неверојатно, но се случи. Бам Адебајо постигна 83 поен…