Дома Фудбал Драма во Англија: Навивачите тврдат дека извлекувањето на ФА купот е наместено и дека веќе се знае кој оди во финале

Драма во Англија: Навивачите тврдат дека извлекувањето на ФА купот е наместено и дека веќе се знае кој оди во финале

Денеска беа извлечени паровите за осминафиналето на ФА купот, а не требаше многу за љубителите на фудбалот да почнат со теории на заговор.

Дербито на осминафиналето ќе го играат Манчестер сити и Ливерпул на „Етихад“ и тоа ќе биде вистински спектакл.

Арсенал ќе патува на гости кај Саутемптон, екипа која игра во Чемпионшип, и јасно е дека Топчиите се фаворити за поминување во четвртфинале.

Челси ќе има прилично лесна задача бидејќи ќе го пречека Порт Вејл на домашен терен.

Одредени групи навивачи никако не се задоволни од извлекувањето и сметаат дека сè било наместено.

„Сигурен сум дека ФА купот секогаш е наместен против Ливерпул.

Постојано добиваме најтешки противници, додека другите екипи од Премиер лигата играат против најслабите противници.

Сега тоа навистина стана смешно”, смета еден навивач на Ливерпул.

„Претешко, брате. Овој ФА куп е наместен Челси да го освои. На нив е само да играат и да го освојат.”

“Како може ФА купот да биде вака наместен. Арсенал добива нова екипа од Чемпионшип, а ние играме против Сити на гости?”

„Финалето е наместено Челси против Арсенал”, смета еден навивач на Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Навивачи на Ливерпул го запреа автомобилот на играчот по киксот, а потоа се создаде хаос на улица!

Разочарувањето по уште еден кикс на Ливерпул речиси прерасна во многу непријатна ситуација…