
Кошаркарите на Денвер Нагетс ги совладаа Лос Анџелес Лејкерс со резултат 120:113 во натпревар кој го одбележа дуелот меѓу Никола Јокиќ и Лука Дончиќ. Јокиќ го предводеше Денвер до победа со нов трипл-дабл учинок од 28 поени, 12 скокови и 13 асистенции. Од другата страна, Дончиќ за Лејкерс забележа 27 поени, 11 скокови и седум асистенции, а неговиот настап беше обележан со техничка грешка која го стави на прагот на автоматска суспензија.
Словенечкиот кошаркар доби техничка грешка за време на првото полувреме поради приговори на судиите. Одлуката беше изненадување и за самиот Дончиќ, кој побара објаснување, но судиите не ја променија. И покрај тоа што сметаше дека не направил нешто спорно, ова му беше 15-та техничка грешка во сезоната.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Според правилата на НБА лигата, шеснаесетата техничка грешка во сезоната автоматски носи суспензија на една натпревар. Тоа значи дека Дончиќ е само една техничка оддалечен од казнување. Во случај на суспензија, играчот не само што ќе пропушти натпревар, туку и нема да добие плата за истиот. Потоа, дополнителната суспензија ќе следи на секои две следни технички грешки.