Дома Фудбал Ѕвездите на Арсенал не ги препознаa двете големи легенди на клубот, само еден играч ги поздрави (Видео)

Ѕвездите на Арсенал не ги препознаa двете големи легенди на клубот, само еден играч ги поздрави (Видео)

Фудбалерите од Арсенал се најдоа под жестоки критики бидејќи само еден од нив при влегувањето во тунелот на „Емирати“ ги препознал две големи легенди на клубот и ги поздравил, додека останатите само поминале покрај нив.

Арсенал е на пат за првпат по повеќе од 20 години да ја освои титулата шампион на Англија.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Топчиите“ се моментално на прво место на табелата на Премиер лигата по 30 одиграни натпревари со 67 бодови и имаат седум бодови и една натпревар повеќе од Манчестер Сити.

Арсенал е во серија од три последователни победи, и пред неколку дена лондонскиот клуб ги искористи грешките на “граѓаните” и ја зголеми својата предност.

Сепак, на социјалните мрежи е во центарот на вниманието видео снимено во недела кога Арсенал на Емирејтс играше големо градско дерби против Челси кое го доби со 2:1.

На натпреварот во Лондон беа присутни и две легенди на Арсенал, а тоа се Фреди Љунгберг и Емануел Пети кои го следеа мечот против Челси.

Љунгберг беше дел од генерацијата која последен го освои Премиер лигата, додека Пети покрај Арсенал, порано играл и за Челси.

Тие двајца беа на влезот од тунелот по натпреварот додека играчите на Арсенал поминуваа и на многумина им е неверојатно дека речиси никој од нив не ги препознал.

Играчите на Арсенал само поминуваа покрај легендите на својот клуб, а само еден од нив застана да ги поздрави.

Станува збор за Деклан Рајс кој ги препознал Љунгберг и Пети и им се обрати пријателски, а на нивните лица можеше да се види колку им беше драго за тоа.

@aiscore_sports По победата на Арсенал над Челси, никој во тунелот не ги забележа клубските легенди Фреди Љунгберг и Емануел Пети — доаѓањето на Деклан Рајс ❤️#arsenal #chelsea #declanrice #fyp ♬ sonido original – AiScore_sports
.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал МОРА да ја продаде ѕвезда од тимот!

Арсенал конечно изгледа како екипа која може да ја освои Премиер лигата и тоа го знаат сит…