Дома Фудбал Покрената постапка против Педро Нето

Покрената постапка против Педро Нето

Англиската фудбалска асоцијација објави дека започнала постапка против Педро Нето поради “неприкладно однесување бидејќи не го напуштил теренот и/или користел навредливи зборови кон судиите” за време на поразот на Челзи против Арсенал (1:2). Португалскиот репрезентативец доби втор жолт картон за три минути и беше исклучен.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Фудбалерот на Челзи не ја криеше својата фрустрација поради исклучувањето и теренот го напушташе бавно, при што многу се жалеше на одлуката на судискиот тим.

– Педро Нето се соочи со обвинение по исклучувањето на 70. минута од натпреварот во Премиер лигата меѓу Челзи и Арсенал во неделата. Играчот се наведува дека се однесувал непристојно бидејќи веднаш не го напуштил теренот и/или користел навредливи зборови кон судиите. Педро Нето има рок до понеделник, 9 март, да одговори на обвинението – стои во објаснувањето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Меси го подобри рекордот на Клозе и сега е со најмногу голови во историјата на светските првенства

Суперѕвездата на Аргентина и светскиот фудбал Лионел Меси го испрати во историјата рекордо…