Дома Останати Тенис Драма на Медведев: Со автомобил низ пустината побегна од воената зона, а кога стигна на границата следеше изненадување

Драма на Медведев: Со автомобил низ пустината побегна од воената зона, а кога стигна на границата следеше изненадување

Данил Медведев конечно пристигна во Индијан Велс, но патот до Калифорнија беше сè само не обичен. Рускиот тенисер помина низ вистинска логистичка и животна драма откако остана „заробен“ во Дубаи поради ескалација на конфликтот помеѓу Иран од една страна, и САД и Израел од друга страна.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Откако триумфираше на турнирот во Дубаи, Медведев, неговото семејство и тимот се најдоа во безизлезна ситуација. Поради заедничките воени операции на САД и Израел во Иран, воздушниот простор над ОАЕ беше затворен, а учеството на рускиот ас на турнирот година беше под голем знак прашалник.

Медведев го опиша неверојатниот пат кој вклучуваше преминување граници со автомобил, загубени документи и летови преку три држави, и откри дека единствениот начин да го напуштат Емиратите беше патување по копно до соседен Оман.

– Стигнавме во Оман со автомобил. Некои имаа среќа да стигнат за четири и пол часа, некој возеше девет, а ние патувавме седум часа. Нашиот возач не можеше да го најде својот пасош! Бевме единствените кои ја преминаа границата, а потоа требаше да се вратиме назад во ОАЕ. Го најде пасошот на паркингот, па повторно тргнавме за Оман – раскажа Данил низ насмевка, иако ситуацијата во тој момент не бееше нималку пријатна.

Откако преноќија во Мускат, главниот град на Оман, следеше долгата рута до конечната цел.

– Од Оман летавме за Истанбул, таму минавме ноќ во хотел, а потоа одлетавме за Лос Анџелес. Ако зборувате за сите детали, секако дека е необично. Се чувствувате како во холивудски филм: преминувате граница со други луѓе, првпат посетувате Оман… – додаде рускиот тенисер.

Интересно е што Медведев не беше единствен во оваа авантура. Со него на сличен начин се “евакуирале” и неговите сонародници, Карен Хачанов и Андреј Рубљов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Македонските тенисери се пласираа во Втората светска група!

Машката тениска репрезентација на Македонија успешно ја оствари својата цел на турнирот од…