Дома Фудбал На тренинг-центарот на ФФМ денеска се игра најголемото дерби сезонава во ПМФЛ!

На тренинг-центарот на ФФМ денеска се игра најголемото дерби сезонава во ПМФЛ!

Денешното 21. коло во ПМФЛ носи едно од најочекуваните дербија оваа сезона – Вардар против Шкендија. На тренинг-центарот на ФФМ, „црвено-црните“ ќе ги пречекаат тетовци, кои ако загубат, ризикуваат да останат дури седум бода зад најголемиот ривал.

Шкендија, која се обидува да ја одбрани титулата, сака одмазда за минатиот дуел во Тетово, каде Вардар славеше со 1-0. Од друга страна, Вардар влегува во натпреварот по шокантното елиминирање од Купот на Македонија, каде што паднаа од второлигашот Охрид.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Фудбалерот Георгије Јанкулов истакна дека станува збор за меч кој може да го одлучи шампионатот.

„Денеска е дерби кое може да го реши првенството. Се подготвуваме како и за секој друг меч, а мотивот самиот дрес на Вардар го носи. Противникот е добро анализиран, знаеме кои се Шкендија и кои се нивните силни и слаби страни. По два тешки меча, екипата е спремна да се врати на победничките патеки. Како и секогаш, одиме на победа, иако играме против одличен противник како Шкендија“, рече Јанкулов.

Од таборот на Шкендија, Лиридон Латифи изјави дека фокусот е целосно на дербито

. „Имавме тешки натпревари и настапи во Европа, но сето тоа е зад нас. Денеска е важно да имаме еднакви услови со противникот. Верувам дека ќе гледаме добар фудбал, а потоа ќе се види кој што може да покаже“, додаде Латифи.

Натпреварот меѓу Вардар и Шкендија се игра од 14:00 часот, а во вториот дуел од денот, од 16:00 часот, Пелистер во Битола ќе го пречека Силекс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Предизвикаа реакции: Фудбалерките на Иран салутираа пред натпреварот со Австралија (Видео)

Иран е во воена состојба, а во таа атмосфера женската фудбалска репрезентација настапува н…