Дома Фудбал Новата победа на Арсенал предизвика жестока расправија: Анти-фудбал? Навистина ве изненадува тоа?

Новата победа на Арсенал предизвика жестока расправија: Анти-фудбал? Навистина ве изненадува тоа?

Арсенал направи можеби клучен чекор во борба за титулата во Премиер лигата. Минималната победа против Брајтон и неуспехот на Манчестер Сити ја зголемија еуфоријата меѓу обожавателите на „Топџиите’. Сепак, наместо приказна за титулата, по натпреварот во центарот на вниманието се најде жестоката вербална расправија на двајца тренери.

Сепак, вистинската драма започна само по последниот свиреж. Тренерот на Брајтон, Фабијан Хурцелер беше видливо огорчен од начинот на кој Арсенал стигна до победата.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


“На теренот само еден тим се обидуваше да игра фудбал”, изјави германскиот стратег по натпреварот.

Тој додаде дека никогаш не би сакал да победува на начинот на кој тоа го прави Арсенал.

Особено го истакна проблемот со одолговлекување на времето и обидите да се прекине ритамот на натпреварот.

„Кажете ми искрено, дали некогаш во Премиер лигата сте виделе голман трипати да паѓа за да задржува игра?“, ги праша Хурцелер новинарите.

На овие зборови не чекавме долго за одговорот на Микел Артета. Баскијскиот тренер реагираше кратко и со доза сарказам.

„Антифудбал и мрачни вештини? Навистина се изненадувате што такви работи се спомнуваат на вакви натпревари?“, рече Артета.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Прв пораз за Вардар во лигата, Шкендија му се доближи на еден бод

Шкендија триумфира против Вардар со 1-0 во Скопје во домашниот шампионат, со што му се доб…