Мурињо е целосно отворен и веројатно секогаш го зборува она што го мисли.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Жозе Мурињо немаше „влакна на јазикот“ кога зборуваше за Крис Смолинг.
Централниот дефанзивец на Англија и Манчестер Јунајтед е во центарот на вниманието после изјавата на Герет Саутегејт, селекторот на репрезентацијата.
„Сакам да играме на начинот на кој е предвиден, поради тоа малку го променив тимот“, го објасни фактот што не го повика Смолинг во репрезентацијата.
Потоа се огласи и Смолинг.
„Секако дека сум изненаден. Сепак се додека играм редовно во мојот клуб јас сум задоволен“, изјави Смолинг.
Сега се огласи и Жозе Мурињо.
„Се надевам дека повеќе никогаш нема да добие повик да игра за репрезентацијата бидејќи секогаш се враќа повреден“, изјави Мурињо.