Дома Фудбал Падна рекорд: Го имаме најбрзиот спринт во европскиот фудбал, успеа да постигне и гол!

Падна рекорд: Го имаме најбрзиот спринт во европскиот фудбал, успеа да постигне и гол!

Младиот нигериски фудбалер Јира Сор, кој настапува за белгијскиот тим Генк, минатиот викенд приреди вистинско изненадување со својата брзина на теренот.

Откако се започнати мерењата, ниту еден играч во Европа досега не има трчано побрзо од Јира Сор во една натпреварувачка средба. Сор одигра клучна улога во победата против Гент со резултат 3:0, постигнувајќи гол со својот неверојатен спринт.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Тој даде гол за конечни 3:0, потврдувајќи ја победата за екипата на Генк, а воедно го урна рекордот за најбрз фудбалер во Европа.

Во 92-рата минута, Сор ја претрча речиси целата должина на теренот, достигнувајќи максимална брзина од 37,7 километри на час, што официјално го прави најбрз играч во Европа во модерната ера.

Со овој подвиг, тој го надмина претходниот рекорд поставен од Мики ван де Вен, кој во сезоната 2023/2024 во англиската Премиер лига за Тотенхем достигна брзина од 37,38 км/ч.

Сепак, се претпоставува дека Килијан Мбапе во еден натпревар за Пари Сен Жермен достигнал брзина од 38 километри на час. Тоа би претставувало рекорд, но УЕФА не ги потврди податоците бидејќи тие не беа официјално забележани.

Во споредба со најбрзиот човек на светот, Усеин Болт, оваа брзина не е слична.

Кога Усеин Болт го постави светскиот рекорд во спринт на 100 метри на Светското атлетско првенство во 2009 година, постигна максимална брзина од 44,72 км/ч помеѓу 60-от и 80-от метар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Еден од најсилните фудбалери во Премиер лигата добил забрана од тренерот да дига тегови

Тренерот на Вест Хем, Нуно Еспирито Санто, воведе необично правило за своето ново засилува…