Дома Фудбал Разочарана навивачка на Реал удри по фудбалерите: Срамота е вака да играат, бев тука со мојата 87-годишна мајка! (Видео)

Разочарана навивачка на Реал удри по фудбалерите: Срамота е вака да играат, бев тука со мојата 87-годишна мајка! (Видео)

Гетафе приреди неверојатно изненадување сопобеда над Реал Мадрид со 1:0 во последниот натпревар од 26-то коло на Ла Лига. Гостите до победата на Сантијаго Бернабеу стигнаа благодарение на голот на Мартин Сатриано во 39-тата минута. Со овој пораз, Реал остана на 60 поени, четири помалку од водечката Барселона, додека триумфот на Гетафе ги однесе на 11-та позиција со 32 поени.

Барселона ги искористи грешките на Реал, триумфирајќи над Леванте (3:0) и Вилја Реал (4:1), со што се искачи на врвот на табелата. Ова е втор последователен пораз за Реал во лигата, по што, во претходното коло, претрпеа пораз од Осасуна со 2:1 во Памплона. Овие порази се уште поизненадувачки бидејќи Осасуна постигна победа над Реал по девет години, а Гетафе победи на Бернабеу за првпат по 18 години.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Навивачите на Реал се разочарани од настапите и резултатите на својот тим, бидејќи претходно изгубија од Барселона во шпанскиот Суперкуп, додека во Купот на кралот беа елиминирани од второлигашот Албасете. Сега, Реал, 12 кола пред крајот на првенството, го загуби првото место и два поени предност пред Барса, пресудно претворени во четири поени заостанување зад актуелниот шампион.

Видео кое на најдобар начин го покажува гневот на навивачите на Реал ни прикажува разочарана навивачка, членка на три генерации од исто семејство. По напуштањето на Бернабеу, пред камерите застана жената од средната генерација, плачејќи и кажувајќи: “Погледнете, мојата мајка има 87 години, а мојата ќерка 8 години…

Ова е срамота! Срамота е стара жена да се смрзнува, а тие вака да играат…како да немаа гордост. Бев на натпреварот со мајка ми во инвалидска количка и со мојата ќерка, и ова е срамота!”

Камерата потоа се сврте кон девојчето кое, исто така, плачејќи изјави: “Ги побарав дресовите, ама никој не ми го даде…”

Нејзината мајка повторно говореше: “Ова е првата нејзина утакмица со баба ѝ која има 87 години. Беа многу возбудени кога дојдовме, а сега ете го резултатот… Сето ова е поради нивниот пораз. Толку многу заработуваат, а не се борат. Тој е проблемот. Потребно е да се фатат малку повеќе за работа и да прикажуваат подобра игра!”

Потоа, се јави бабата: “Немаме тим… Јас одам на стадион уште од мала, ама сега немаме тим.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јирген Клоп е поранешен, замената доаѓа од Премиер лигата

По заминувањето од Ливерпул, Јирген Клоп објави дека нема да се занимава со тренерската пр…