Дома Фудбал Болно сведоштво на поранешниот холандски репрезентативец: Зависник сум од кокаин, мојот брак заврши…

Болно сведоштво на поранешниот холандски репрезентативец: Зависник сум од кокаин, мојот брак заврши…

Поранешниот дефанзивец на Њукасл и Вотфорд, Дарил Јанмат, сподели дека се соочува со зависност од кокаин, што доведе до крах на неговиот брак.

Јанмат го носеше дресот на Њукасл во 77 натпревари за време на две сезони, од 2014 до 2016 година, пред да продолжи четири години во Вотфорд.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Најистакнатиот момент во неговата кариера беше кога играше за репрезентацијата на Холандија, која во 2014 година стигна до полуфиналето на Светското првенство, каде загубија на пенали од Аргентина.

Со 34 настапи за репрезентацијата, тој ја заврши својата кариера во 2022 година во клубот АДО Ден Хаг, истиот каде што започна својот пробив.

Година подоцна, Јанмат бил пронајден под влијание на дрога во Шевенинген, кварт во Хаг, по што наводно отишол на рехабилитација во Јужна Африка.

Во разговор за холандскиот весник АД, Јанмат објасни дека станал зависен од кокаин поради тешкотиите да се прилагоди на “пензионирањето”.

“Имам три деца кои исто така слушаат и читаат работи”, рече 36-годишниот Јанмат и додаде:

“Не можам и не сакам да влезам во сите детали, но зависноста од кокаин ми донесе многу страдања. Многу посакував да продолжам со фудбалот, но повредата на коленото беше крајот. Коленото ми беше огромно по инјекцијата, и сè тргна наопаку. Се заразив поради погрешна игла. Мојата кариера заврши, а јас не можев да го прифатам тоа.”

Јанмат призна дека транзицијата од играч на технички директор во АДО Ден Хаг ја влошила неговата состојба.

“Ми требаше помош од сите страни, но останав сам. Одеднаш изгубив структурата која ја имав долго време како фудбалер. Тоа беше тешко, зависноста се вовлече полека. Почнав да лажам луѓе што ги сакам. Тоа е страшно, повредив многу луѓе”, изјави Јанмат.

Јанмат, кој играше и за Херенвен и Фејенорд, призна дека зависноста од игра улога во распадот на неговиот брак со сопругата Јоши.

“Официјално се уште сме во брак, но веќе не живееме заедно. Врската и онака не беше на добра, но зависноста очигледно не помогна. Многу работи се упропастени, иако сега добро комуницираме. Тоа беше кокаинот, а не нешто друго. Дури ни алкохол. Мислам дека тоа може да се случи на било кого. Никогаш не сум замислувал дека би можел да станам зависник”, додаде Јанмат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Германците бараат исфрлање на ѕвездата од репрезентацијата: „По ова не смее да оди на СП“

Антонио Рудигер се најде на жесток удар во Германија поради бруталниот старт над играчот н…