
Гетафе успеа да приреди големо изненадување со својата победа против Реал Мадрид од 1:0 во последниот натпревар од 26. коло на Ла Лига. Гостите на триумф на Сантијаго Бернабеу стигнаа благодарение на голот на Мартин Сатриано во 39. минута. Со овој пораз, Реал остана на 60 бодови, четири помалку од водечката Барселона, додека Гетафе се искачи на 11. позиција со 32 бода.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Барселона ги искористи грешките на Реал и со победите против Леванте (3:0) и Вилареал (4:1) ја презема водечката позиција на табелата. Ова беше втор последователен пораз за Реал во лигата, откако претходно беа совладани од Осасуна со 2:1 во Памплона. Овие резултати ги изненадија сите, особено поради фактот што Осасуна првпат победила против Реал од 2011 година, а Гетафе пак триумфирал на Бернабеу по цели 18 години.
Они се луди, но тие се МОИТЕ ЛУДИ.
— Getafe C.F. English (@GetafeCFen) March 2, 2026
💙😍😂pic.twitter.com/NaSjU5O2gQ
Екипата од предградието на Мадрид во целосна еуфорија ја славеше историската победа на култниот стадион во градот. Забавата почна на теренот, но највпечатлива стана снимката од славјето на играчите на Гетафе во соблекувалната на Бернабеу. Играчи со пијачки и големи звучници се качија на масите и заиграа.