
Вчерашната програма од англиската Премиер лига вклучуваше четири натпревари, кои на изненадување на многумина, завршија со ист резултат. Ова е првпат во историјата на оваа престижна лига да се случи ваков случај.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Од 15 часот се одиграа три дуели. Брајтон триумфираше над Нотингем Форест, Манчестер Јунајтед беше подобар од Кристал Палас, а Фулам го надигра Тотенхем. Заедничко за сите овие натпревари е резултатот 2:1.
Круна на денот беше големото дерби во Лондон помеѓу Арсенал и Челси, кое исто така заврши со резултат 2:1.
Никогаш претходно во историјата на Премиер лигата четири натпревари од ист ден не завршиле со идентичен резултат, наведува новинарот Ендру Бизли.
„Ова е прв ден во историјата на Премиер лигата на кој се одиграни најмалку четири натпревари и сите завршиле со идентичен резултат,“ изјави Бизли.
Сѐ што треба да знаете од неделното коло, вклучувајќи големи победи за @Arsenal и @ManUtd 👇
— Premier League (@premierleague) 1 март 2026
Во далечната 1995 година, пет од осум натпревари во Премиер лигата завршија со резултат 1:1, но никогаш четири во еден ист ден со идентичен резултат.
По ова коло, Арсенал продолжи да чекори кон титулата и има чекор напред со пет бодови повеќе од второпласираниот Манчестер Сити, но и еден натпревар повеќе. Манчестер Јунајтед, пак, направи значаен чекор кон Лигата на шампиони, додека има шест бодови повеќе од позициите што не водат во најелитното европско натпреварување.