Дома Фудбал Сведоштво на Асенсио за страшниот судир: Не знаев каде сум и што се случува…

Сведоштво на Асенсио за страшниот судир: Не знаев каде сум и што се случува…

Младиот дефанзивец на Реал Мадрид, Раул Асенсио (23), настрада во 74-тата минута од реванш натпреварот на плеј-офот од Лигата на шампионите против Бенфика. По судирот со соиграчот Едуардо Камавинга, Асенсио остана на тревникот и беше изнесен на носилка од теренот. Несреќниот момент се случи откако голманот на Бенфика, Анатолиј Трубин, ја испрати топката. Асенсио, кој се наоѓаше длабоко во половината на противничкиот тим, скокна на топката истовремено со Камавинга.

По контактот во воздухот, Асенсио на многу несреќен начин падна на тревникот, а сцената изгледаше навистина загрижувачка. Медицинскиот тим му укажуваше помош неколку минути, по што со најголема претпазливост беше ставен на носилка и изнесен од теренот. За среќа, младиот дефанзивец не доживеа потешка повреда.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Неколку денови подоцна, шпанскиот фудбалер беше гостин на клубската телевизија РМТВ и се присети на потресните моменти од тревникот на стадионот Бернабеу: „Се сеќавам дека беше висока топка и дека се фрлив кон неа, а следното што се сеќавам е дека бев на земја со лекарите, по ударот што го примив од Камавинга. Го изгубив чувството за време, не знаев каде сум, што се случува.

Дури во тунелот што водеше до соблекувалните почнав пак да се присетувам. Тоа беше многу непријатен момент. Му благодарам на лекарот за сè што направи и на целата медицинска служба. Се сеќавам дека видот ми беше нејасен, дека не можев целосно да се движам, дека ми ослабнуваше силата. Ова беше прилично непријатно чувство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо се посрамоти како никогаш во животот: Викаше дека е најдобар, па комично промаши пенал (Видео)

Конечно би можел Кристијано Роналдо да освои некој трофеј во Саудиска Арабија откако негов…