Дома Фудбал Роналдо потпиша за Росоман!

Роналдо потпиша за Росоман!

Тимот на ФК Росоман, кој се натпреварува во Третата лига – југ, во пресрет на продолжението од сезоната ги заси своите редови со неколку нови имиња. Сепак, едно од нив посебно го привлече вниманието поради името на фудбалерот.

Станува збор за Роналдо Фазлиов, фудбалер кој во Росоман пристигнува од ФК Дреново и од кого во клубот очекуваат значаен придонес во офанзивата.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


„Со особена чест и задоволство му посакуваме добредојде на Роналдо Фазлиов, кој ни се приклучува од редовите на ФК ДРЕНОВО.! Му посакуваме многу успешни настапи и многу голови во дресот на нашиот клуб. Добредојде Роналдо“, стои во објавата на третолигашот на социјалните мрежи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Најлошото засилување за Баерн, но Германците не се откажуваат така лесно

Дури и кога Баерн Минхен ја напаѓаше победата против најголемиот ривал Борусија Дортмунд, …