Дома Фудбал Федерико Димарко е феномен за кој малку се зборува – вакви бројки нема никој во Италија!

Федерико Димарко е феномен за кој малку се зборува – вакви бројки нема никој во Италија!

Федерико Димарко се докажа не само како еден од најдобрите бекови, туку и како врвен фудбалер во Серија А во последниве неколку години. Оваа сезона тој ги помести границите уште подалеку.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во победата на Интер против Џенова со 2:0, Димарко запиша еден гол, кој му беше шести за оваа сезона, а дополнително има вкупно 15 асистенции во Серија А. Со овие 21 придонес во голови и асистенции, Димарко е најпродуктивниот играч во целото италијанско првенство.

На листата по ефикасност по него следуваат Лаутаро Мартинез со 18 (14Г+4А), Нико Паз со 15 (9Г+6А), и Кенан Јилдиз со 12 (8Г+4А).

Димарко испиша историја со пет последователни натпревари во Серија А во кои има асистенција, што е нешто што ниту еден бек не го постигнал откако се води детална статистика.

Интересно е што оваа сезона значително ги надмина своите претходни успешни сезони, кога во сите натпреварувања имаше 15 придонеси во форма на голови и асистенции, а во сезоната 2023/2024 имаше вкупно 14 (6Г+8А). Во сезоната 2022/2023, неговата статистика беше 16 (6Г+10А).

Сумирано, Димарко сезонава го достигна својот врв и игра најдобра форма во неговата кариера.

Со 28 години, на лето влегува во последната година од договорот, но се очекува Интер да направи се што е можно за да го задржи. Тој е продукт на клубот, роден во Милано, а искуството го стекна со позајмици во Асколи, Емполи, Сион, Парма и Верона додека Симеоне Инзаги не му даде шанса од летото 2021.

Оттогаш, Димарко има одиграно 225 натпревари, постигнато 25 голови и запишано дури 49 асистенции со Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вчера заврши една неверојатна традиција на Германија!

Фудбалската репрезентација на Германија синоќа се збогуваше од Светското првенство откако …