Дома Фудбал Tухел на Мундијалот ќе оди без најголемата англиска ѕвезда?

Tухел на Мундијалот ќе оди без најголемата англиска ѕвезда?

Фудбалската репрезентација на Англија би можела да замине на Светското првенство без најголемата ѕвезда во составот.

Џуд Белингем, талентот на Реал Мадрид, моментално се наоѓа надвор од игра поради повреда. Меѓутоа, изгледа дека тоа не е најголемиот предизвик со кој се соочува.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Според извештаите на британските медиуми, селекторот Тухел сериозно размислува да не го вклучи овој фантастичен среден играч во тимот, поради честите повреди, како и поради слаба форма.

Германецот претходно истакна дека на Светскиот шампионат ќе патуваат само оние играчи кои се 100 проценти подготвени.

Тухел и Белингем веќе имаа несогласување за време на натпреварот меѓу Англија и Албанија, кога Белингем протестирал по неговата замена. Германскиот тренер му даде до знаење дека не му требаат играчи кои „прават драма“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вардар и Струга ремизираа во дербито и ја израдуваа Шкендија! (Видео)

Дербито на колото помеѓу Струга и Вардар заврши без победник и со по еден гол на двете стр…