Дома Фудбал Останато „Последниот пат си ги следев соништата“: Линдзи Вон по животната драма

„Последниот пат си ги следев соништата“: Линдзи Вон по животната драма

Линдзи Вон преживеала вистинска животна драма на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина.

Американската скијачка Линдзи Вон доживеа страшен пад на спустот на 12 февруари, а лекарите ѝ ја спасиле ногата по неколку операции.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


По неколку хируршки интервенции, Линдзи Вон се опоравува и сè уште е во болница. Одлучи да им се заблагодари на лекарите за сè што направиле за неа.

– Од докторот Том Хакет кој ми ја спаси ногата, докторот Рош кој ми направи делумна замена на коленото, корекцијата на скинати лигаменти, терапијата и рехабилитацијата… Моите лекари и медицинскиот тим се причината зашто можев да го направам тоа што го направив оваа година и низ целата моја кариера – напиша Линдзи Вон на социјалните мрежи.

– Ја гледате крајната слика, кога со 41 година се вратив на првото место во светот. Но не ги гледате сите часови кои мојот медицински тим ги вложи со мене за повторно да ме изгради. Дури и на Олимписките игри со скинат преден вкрстен лигамент, Линдзи Винингер и Лоренцо Гонзалез работеа деноноќно за да ми го подготват коленото повторно за трки. Не ме видовте во базенот како правам терапија во 21.30 часот.

– Буквално целиот тим работеше за мене и јас сум многу благодарна на секој од нив! Ви благодарам што го вложивте вашето срце за да ми помогнете. Ви благодарaм што ми овозможивте последен пат да ги следам своите соништа – порача Американката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Лудо: Италијански фотограф во Хрватска гледаше рели од шахта на патот (Видео)

Годинава, WRC Croatia Rally беше обележан од контроверзниот чекор на еден фотограф кој, во…