Дома Фудбал Унгарскиот селектор откри: Собослаи сонува да игра за Реал Мадрид!

Унгарскиот селектор откри: Собослаи сонува да игра за Реал Мадрид!

Доминик Собослај без сомнение е меѓу највлијателните и најдобрите играчи на Ливерпул оваа сезона, а селекторот на Унгарија, Марко Роси, зборуваше за неговите соништа..

Иако договорот на унгарскиот интернационалец со Ливерпул е валиден до летото 2028 година, англиските медиуми веќе дискутираат за можноста за негово продолжување. Собослај, пак, во своите јавни изјави истакнува дека е задоволен од престојот во клубот. Но, Марко Роси навлезе во една друга насока.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


„Собослај отсекогаш сонувал да игра за Реал Мадрид. Имам многу близок однос со него уште од детството и од моментите кога почнуваше да игра фудбал. Реал Мадрид за него е сон“, рече Роси.

„Не можам да кажам дали ќе го направи тој потег. Одлуката зависи и од него и од клубот со кој е во договор“, додаде унгарскиот селектор.

Можеби сфати дека однапред отворил тема која не би требало да ја коментира, па продолжи со зборовите:

„Апсолутно не ја исклучувам можноста дека ќе остане во Ливерпул и ќе го продолжи договорот, особено бидејќи го ценат многу таму“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чави е фаворит на мароканската федерација

Поранешниот славен фудбалер и потоа старши тренер на Барселона, Чави Ернандес, може да ста…