Дома Фудбал Незадоволство во Ред Бул: Клоп може да замине?!

Незадоволство во Ред Бул: Клоп може да замине?!

Јирген Клоп би можел да ја напушти позицијата “глобален раководител на фудбалот” во системот на Ред Бул, која ја извршува нешто повеќе од една година, известува Salzburger Nachrichten. Негова задача беше клубовите како Лајпциг, Брагантино и Њујорк да ги води кон врвот на светскиот фудбал, но поради незадоволителни спортски резултати, се шпекулира дека е можен предвремен прекин на соработката.

Salzburger Nachrichten известува дека австрискиот конгломерат не би му правел проблеми на Клоп ако летово посака повторно да се врати на тренерската работа. Според истиот извор, веќе е избран и негов наследник. Тоа би можел да биде Оливер Гласнер (51). Поранешниот тренер на Ајнтрахт Франкфурт, кое најдоцна до крајот на сезоната ќе го напушти англискиот Кристал Палас. Австриецот веќе покажал интерес и подготвеност да ја преземе улогата на Клоп, а искуство со системот веќе има бидејќи работел како спортски координатор и помошник тренер во РБ Салцбург.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Иако Клоп во првата година му донесе на Ред Бул повеќе медиумско внимание отколку што кога било го имал во светот на фудбалот, исто така е реалност дека никој не е задоволен со спортските резултати. Особено во РБ Лајпциг, кој моментално е петти во Бундеслигата и повторно се бори за пласман во Лигата на шампионите.

Можноста Клоп предвремено да го раскине договорот, кој важи до 2029 година, постоеше уште од започнувањето на неговата функција. Од Ред Бул негираат дека наскоро ќе дојде до разделба, но доколку двете страни одлучат да тргнат во различни насоки, а Клоп посака да се врати на тренерската позиција, раскин не може да се исклучи.

Клоп веќе неколку недели се спомнува како жешка желба на претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, а зависно од резултатите на летното Светско првенство, би можел да стане и кандидат за селектор на германската репрезентација. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Унгарскиот селектор откри: Собослаи сонува да игра за Реал Мадрид!

Доминик Собослај без сомнение е меѓу највлијателните и најдобрите играчи на Ливерпул оваа …