Дома Фудбал Сè е подготвено за средба: На маса е понудата за Душан Влаховиќ

Сè е подготвено за средба: На маса е понудата за Душан Влаховиќ

Една од најинтересните трансфер приказни ова лето сигурно ќе биде поврзана со репрезентативецот на Србија Душан Влаховиќ, кому на лето му истекува договорот со Јувентус.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Многу се пишуваше каде би можел Влаховиќ да ја продолжи својата кариера.

Многу европски клубови се во шпекулации, но дури и некои клубови од надвор од Европа, првенствено од Саудиска Арабија.

Од италијанските клубови АЦ Милан беше најконкретен, но договорите многу брзо пропаднаа.

Наводно, Влаховиќ има желба да оди во Барселона која бара замена за Левандовски, а во игра се и Тотенхем, како и Челси.

Меѓутоа, од Италија доаѓаат нови вести. Јувентус е подготвен за средба со Влаховиќ која ќе се одржи по натпреварот против Галатасарај, објавува „Тутоспорт“.

Старата дама од Торино сака да го задржи Влаховиќ и веќе има подготвен договор.

Наводно, Торионезите подготвиле нов договор 2+1 со годишна плата од шест милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Се поклопија резултатите: БиХ ќе игра во нокаут-фаза на СП 2026

Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина обезбеди место во нокаут-фазата на Светс…