Дома Фудбал Мбапе во опасност да го пропушти СП 2026!?

Мбапе во опасност да го пропушти СП 2026!?

Француската ѕвезда Килијан Мбапе не сака да ризикува долга пауза и евентуално пропуштање на Светското првенство во 2026 година, пренесува угледниот француски весник Л’Екип.

Според нивниот извештај, напаѓачот е свесен дека настапувањето со повредено колено може сериозно да ја влоши состојбата и да предизвика подолг период надвор од терените. Медицинските лица предупредиле дека секој дополнителен напор во ваква ситуација носи ризик од потешка повреда, што би можело да значи и неколкумесечна пауза.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Со оглед на тоа што Светското првенство во 2026 година е еден од неговите главни приоритети, Мбапе не сака да преземе непотребен ризик. Тој е клучна алка во француската репрезентација и се очекува да биде лидер на тимот и на следниот мундијал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Никој не го критикуваше Интер како легендарниот Дел Пиеро

Голема сензација видовме во шеснаесеттина финалето на Лигата на шампионите. Норвешкиот Бод…