
Легендарната американска скијачка Линдзи Вон ги сподели драматичните детали за нејзината повреда.
Олимписката шампионка од 2010 година го скина предниот крстен лигамент само неколку дена пред почетокот на игрите, но и покрај сериозноста на повредата, одлучи да се натпреварува во спустот. Тој чекор доведе до уште поголема драма – Вон претрпе тежок пад и доби сложена повреда на ногата.
Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст
Помина низа од пет операции, а сега Вон објави на Инстаграм дека ситуацијата била многу посериозна отколку што се мислело.
“Имав сложен фрактура на потколеницата, а главата на фибулата исто така беше скршена. Причината поради која сѐ беше толку комплицирано е што имав компартман синдром”, напиша Вон.
Го објасни и за каква состојба станува збор:
“Компартман синдромот се јавува кога некој дел толку е сериозно повреден што се насобира многу крв која не може да истече. Во суштина, тоа ги смачкува сите мускули, нерви, тетиви, и тие почнуваат да губат функција.”
Потоа откри шокантен детал, била пред ампутација:
“Д-р Том Хакет ми ја спаси ногата од ампутација. Направи фасциотомија, ја отвори двете страни на ногата за да може да дише и ме спаси”, порача таа.
Пред Вон е долг процес на опоравување.
“Ќе биде потребно околу една година за коските да заздрават. По тоа ќе одлучам дали ќе го извадам металот, ќе претрпам друга операција и на крај ќе го реконструирам предниот крстен лигамент. Животот е таков каков што е, мораме да ги примаме ударите како доаѓаат”, заклучи Американката.