Дома Фудбал Неверојатно: Барселона добила понуда од 250 милиони евра за Јамал

Неверојатно: Барселона добила понуда од 250 милиони евра за Јамал

Барселона во летото 2017 година со ПСЖ го направи најголемиот трансфер во историјата. Нејмар заврши во Париз за 222 милиони евра, а овој трансфер и денес е апсолутен рекорд. Не би било така доколку Барса во 2024 година се согласи да го продаде Ламин Јамал за дури 250 милиони евра.

Ламин Јамал важи за еден од најдобрите фудбалери во светот. Иако има само 18 години, младата ѕвезда на Барселона веќе години наназад доминира и е исклучително важен дел и за Барса и за репрезентацијата на Шпанија.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Јамал во 2024 година лесно можеше да стане најскап фудбалер во светот. Поранешниот претседател на Барселона Жоан Лапорта открива дека на маса била понуда од 250 милиони евра која била одбиена.

Потенцијален купувач беше ПСЖ. Во Париз подготвија куфер со пари за Јамал, но Барса не сакаше ни да слушне за заминувањето на младата ѕвезда.

„ПСЖ ни понуди за Ламин Јамал пред две години 250 милиони евра,” открива Лапорта за Џижантес и додава:

„Понудата ја одбивме. Имаше 17 години и многумина мислеа дека сме луди што го направивме тоа.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тензии во Мексико: Фудбалерките побегнаа од теренот поради звуци слични на пукотници (Видео)

Натпреварот на женските фудбалски екипи во Мексико беше прекинат откако се слушнаа звуци б…