
Репрезентацијата на Курасао, којa стана наjубавaтa приказна на претстојното Светско фудбалско првенство, остана без својот тренер, бидејќи славниот Холанѓанец, Дик Адвокаат, поднесе оставка.
Адвокаат успеа да ја одведе фудбалската репрезентација на Курасао на историското Светско првенство, што го означува како најмалата земја која откако стигнала до овој успех. Меѓутоа, на турнирот нема да учествува како тренер.
Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст
Само четири месеци пред почетокот на Мундијалот, Адвокаат одлучи да се повлече поради семејни проблеми, особено поради здравствени проблеми на неговата ќерка. Оваа ситуација веќе го принуди да пропушти некои натпревари, а сега сосема се повлече од функцијата.
“Секогаш сум велел дека семејството е пред фудбалот. Ова беше нeoдложнa одлука, но тоа не ги менува моите чувства дека ќе ми недостасуваат Курасао и луѓето таму”, изјави 78-годишниот холандски стратег.
Курасао, која порано беше холандска колонија, стана најмалата земја која се квалификувала за светското првенство. Островите имаат само 156.000 жители, но нивната фудбалска репрезентација не е аматерска – поголемиот дел од играчите своето образование во фудбалот го добиле во Холандија.
Веќе е познато кој ќе ја води репрезентацијата на Светското првенство, бидејќи на тренерската позиција дојде поранешниот тренер на Фејенорд, Фред Рутен.