
Фудбалската федерација на Македонија денеска одржа вонредна седница на која донесе одлуки за натпреварите помеѓу Вардар и Башкими од Првата лига и Шкендија Арачинова – Преспа од Втората лига.
– Поради слаба организација на натпреварот ФК ВАРДАР – ФК БАШКИМИ, навредливо и националистичко скандирање од страна на навивачката група на ФК Вардар и користење на недозволени пиротехнички средства, клубот ФК ВАРДАР се казнува со забрана на присуство на публика на еден натпревар и парична казна во износ од 5.000 евра.
Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст
Дисциплинската комисија констатира дека одлуката на делегатот на натпреварот за изрекување опомена поради националистички скандирања е исправна, како и одлуката на судијата за привремен прекин на натпреварот.
– Дисциплинската комисија отвора постапка против делегатот на натпреварот ФК ШКЕНДИЈА Арачиново – ФК ПРЕСПА поради недоставување на релевантни факти во врска со ситуацијата околу поставувањето на државното знаме на стадионот, како и други околности поврзани со организацијата и текот на натпреварот, односно присуство на неслужбени лица на теренот за време на натпреварот.
Дисциплинската комисија ќе постапува согласно важечките прописи и по целосно утврдување на фактичката состојба ќе донесе соодветна одлука.