
Милан синоќа на Сан Сиро претрпе неочекуван пораз од Парма (0:1) во рамките на 26. коло од италијанската Серија А, а главна тема во медиумите на Апенините е потегот на Златан Ибрахимовиќ кон Лука Модриќ.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Играчите на Милан добија остри критики за синоќешниот натпревар, а за првпат оваа сезона некако се разочара и Лука Модриќ.
Искуствениот Хрват воодушевува во дресот на Милан по пристигнувањето од Реал Мадрид и иако има веќе 40 години игра во неверојатна форма, но ниту Модриќ синоќа не беше на својот препознатливo ниво.
Ла Газета дело Спорт пишува дека Ибрахимовиќ имал разговор со Модриќ и му поставил ултиматум во однос на договорот, и сакаат тој што побрзо да донесе одлука за да знаат на што се.
Милан има опција еднострано да ја активира опцијата за продолжување на договорот за уште една година, но тоа Ибрахимовиќ не сака да го направи додека Модриќ не даде свое одобрение.