Дома Фудбал Прилепчанец и животот ќе го даде за Победа – најави самозапалување ако клубот престане да постои!

Прилепчанец и животот ќе го даде за Победа – најави самозапалување ако клубот престане да постои!

Еден од најпознатите навивачи во Прилеп, Кире Ивановски – Балче, преку објава на социјалните мрежи упати драматична порака поради состојбата во која се наоѓа фудбалскиот клуб Победа Прилеп. Тој револтирано најави дека е подготвен на крајно радикален чекор доколку клубот не продолжи со настапите во Втората лига.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Во својата објава на Фејсбук, Балче посочи дека по излегувањето од болницата во Отешево ќе дојде на натпреварот меѓу Победа Прилеп и ФК Новаци, а доколку средбата не се одигра, како што наведува, ќе се реши на самозапалување на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп.

„Излегувам од болница Отешево и доаѓам в сабота на натпреварот Победа – Новаци. Во спротивно земам збогум со моите прилепски фудбалџии и се самозапалувам на центарот на фудбалскиот храм, Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп! Нема сила што може да ме спречи! Амин!!! Збогум! Се за Победа! Победа вечна, народе мој! Животот мој зависи од Победа Прилеп и од вас, фудбалџии мои драги и мили! Амин!“, стои во неговата објава.

Инаку, Ивановски и претходно јавно го изразуваше незадоволството од случувањата во клубот и присуствуваше на протестите кои се одржуваа во градот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нов кандидат излезе во прв план за нов тренер на Ливерпул!

Арне Слот би можел да ја напушти клупата на Ливерпул една година пред истекот на договорот…