Дома Фудбал Хит сцена: ТВ репотерка на Олимписките игри пијана се валкаше во снег

Хит сцена: ТВ репотерка на Олимписките игри пијана се валкаше во снег

Снимката од австралиската репортерка Даника Мејсон стана вирална по нејзиното вклучување во живо од Зимските олимписки игри во Милано и Кортина д’Ампецо.

Новинарката известуваше за австралиската телевизија Channel 9, а гледачите забележаа дека за време на преносот беше особено расположена. Во еден момент зборуваше за цените на кафето и спортските настани, но потоа целосно се оттргна од темата и започна да се валка по снегот.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


“Цените на кафето овде всушност се пристојни… Треба да се навикнеме на цените во САД… Не сум сигурна за игуаните? Каде ова оди? Без разлика на сè, да се вратиме на спортот затоа што многу нешта се случуваат дома…”, рече Мејсон во некое малку нејасно обраќање.

Снимката брзо стана вирална, а многумина коментираа дека репортерката можеби беше под влијание на алкохол. Мејсон наскоро ги потврди овие тврдења и јавно се извини за своето однесување.
“Сакам целосно да преземам одговорност. Тоа не е стандардот кој го поставувам за себе. Добро сум, само што веројатно ми е малку срам”, изјави таа за BBC.

Додаде дека погрешно ја оценила ситуацијата.

“Целосно погрешно ги проценив околностите. Не требаше да пијам, особено не во вакви услови. Студено е, се наоѓаме на голема надморска височина, и веројатно не помогна тоа што не вечерав. Искрено жалам и им благодарам на сите за пораките на поддршка”, порача Мејсон.

Снимката од нејзиното известување и натаму бргу се споделува, а целата ситуација предизвика многу реакции во јавноста.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кандидат за претседател на Барселона вети дека ќе го купи Хари Кејн

На 15 март, членовите на Барселона ќе излезат на гласање за избор на нов претседател на кл…