Дома Останати Ракомет Пелистер потврди големо засилување – во Битола пристигна пивотмен од Бундеслигата!

Пелистер потврди големо засилување – во Битола пристигна пивотмен од Бундеслигата!

Шампионот на Македонија, Еурофарм Пелистер, дополнително се екипира за остатокот на сезоната.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Нов член на битолскиот клуб е хрватскиот кружен напаѓач Никола Граховац. 27-годишниот пивотмен се обврза на договор со битолскиот клуб до крајот на сезоната, со опција за продолжување и за следната. Тој доаѓа во Битола од бундеслигашот Вецлар и веднаш ќе му се стави на располагање на стручниот штаб. 201-сантиметар високиот Граховац има искуство од настапите на големата сцена, бидејќи во Лигата на шампионите играл за Загреб и Веспрем, а негов прв клуб е Дубрава.

Никола Граховац е хрватски репрезентативец, со настап на Европското првенство 2022 година и Олимписките игри 2024 година. Со јуниорската репрезентација на Хрватска стана европски вицешампион во 2016 година. Се работи за модерен прототип на пивотмен, кој ќе биде дополнителна вредност во периодот кој престои.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Регионална лига ќе има, денеска беше потпишан и договорот!

Во Подгорица денеска беше ставен потпис на договорот за формирање регионална ракометна лиг…