Дома Фудбал Фудбалер на Јувентус јавно објави навивач кој расистички го навредил! (Фото)

Фудбалер на Јувентус јавно објави навивач кој расистички го навредил! (Фото)

Фудбалскиот дефанзивец на Јувентус, Лојд Кели, разоткри и јавно осуди лице кое му испратило расистички навреди на социјалните мрежи во часовите по поразот на Јувентус со 5:2 од Галатасарај во Лигата на шампионите во вторникот вечерта.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Првата рунда од плејофот на Лигата на шампионите беше обележана со обвинувања за расистички напади. Винициус Жуниор, го обвини Џанлука Престијани од Бенфика дека го навредувал на расна основа за време на нивниот натпревар во Лисабон, додека Кели сега објави докази за расистички коментар што го добил на интернет.

Поранешниот дефанзивец на Њукасл и Борнмут на својот Инстаграм профил сподели снимка од коментар оставен на една од неговите објави, кој гласеше: „Врати се во зоолошката градина“.

„Критиките се дел од животот и спортот, секогаш сум ги прифаќал. Секој има право на свое мислење, но ова нема да го толерирам. Зборовите и делата имаат значење, но и последици“, напиша Кели.

Покрај тоа, го означи лицето кое го оставило коментарот, како и компанијата за која најверојатно работи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Саутемптон поднел жалба: Ја добивме најголемата казна во историјата на англискиот фудбал!

Извршниот директор на Саутемптон, Фил Парсонс во вторникот издаде обемно соопштение. Тој и…