Дома Фудбал Гаф на Гранит Џака: Со погрешно знаме честиташе независност на Косово

Гаф на Гранит Џака: Со погрешно знаме честиташе независност на Косово

Објавата на Гранит Џака, која беше наменета како честитка за Денот на независност на Косово, предизвика бурни реакции на социјалните мрежи.

Фудбалерот од средниот ред, Гранит Џака, кој моментално игра за Сандерленд и е стандарден член на репрезентацијата на Швајцарија, го честиташе за Денот на независност на Косово. Но неговата објава на социјалните мрежи ненадејно предизвика бура реакции. Причината не беше самата честитка, туку деталот на сликата – погрешното знаме на Косово со седум ѕвездички наместо официјалните шест.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Џака со години е високо ценет меѓу косовските навивачи, особено поради неговите настапи за Швајцарија во натпреварите против Србија, но овој пат дел од јавноста не покажаа разбирање за грешката.

Социјалните мрежи брзо беа преплавени со критики како: “Човече, дали си нормален?”, “Ете колку ти значи Косово, не го знаеш ни знамето” и “Неверојатно, каква грешка”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арбелоа: Прашајте го играчот на Валенсија што му кажа на Винисиус, светот треба да ја знае вистината

Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, се обрати до медиумите по натпреварот во Лигата н…