Дома Фудбал Мурињо каков што не сте го виделе: Почна да се пресметува со судијата, викаше, а на крајот… (Видео)

Мурињо каков што не сте го виделе: Почна да се пресметува со судијата, викаше, а на крајот… (Видео)

Се имаше во првиот дуел од шестнаесеттина финалето на Лигата на шампионите помеѓу Бенфика и Реал Мадрид, каде Реал победи во Лисабон со 1:0 и стекна предност пред реваншот на „Сантјаго Бернабеу“ следната недела.

Реал победи со голот на Винисиус, кој имаше и свои неславни моменти.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Винисиус ги испровоцира навивачите на Бенфика, пред кои го прослави голот, а потоа настана хаос.

Имаше инцидент на теренот, а судијата го прекина натпреварот. Вини беше расистички навредуван од трибините. По овие сцени во самиот финиш, во акција се најде Хозе Мурињо.

Тренерот на Бенфика постојано разговараше со судиите, вршеше притисок, а во 84. минута изгуби нерви.

Почна жестока пресметка со судијата, беше запрен, а на крајот приговараше на четвртиот судија. Сето тоа резултираше во црвен картон и Мурињо нема да може да ја води Бенфика во реваншот во Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гаф на Гранит Џака: Со погрешно знаме честиташе независност на Косово

Објавата на Гранит Џака, која беше наменета како честитка за Денот на независност на Косов…