
Сите беа шокирани кога наместо да игра во Англија, одбра Саудиска Арабија и огромни пари, но сега вели дека има што да докаже на светот на Светското првенство.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Напаѓачот на Ал Ахли, Иван Тони, порача дека не ја исклучува можноста да се врати во Премиер лигата, но истакнува дека е среќен во Саудиска Арабија и има јасни цели кои сака да ги оствари.
Тони во август 2024 година премина од Brentford FC во Ал Ахли во трансфер вреден 40 милиони фунти, што предизвика многу реакции тогаш.
Сепак, 29-годишниот напаѓач во дебитантската сезона ги замолче критиките, постигна 30 голови во сите натпреварувања, заврши како втор стрелец во лигата зад Кристијано Роналдо и ја освои Азиската Лига на шампиони, а потоа и Саудискиот Суперкуп.
На прашањето за евентуалното враќање во Англија, Тони за Sky Sports кратко рече: „Никогаш не кажувај никогаш.“
„Имам цели кои сакам да ги постигнам овде. Клубот ме доведе на подолг период и сакам да им вратам со трофеи. Во фудбалот и животот никогаш не знаеш што е зад аголот“, додаде Тони.