Дома Фудбал Собослаи: Модриќ е подобар од Пирло, Иниеста, Де Брујне, но не е подобар од мене

Собослаи: Модриќ е подобар од Пирло, Иниеста, Де Брујне, но не е подобар од мене

Доминик Собослаи, ѕвезда на Ливерпул и Унгарија, во игра на брзи прашања и одговори мораше да избере меѓу најдобрите играчи од средниот ред на последните децении. Концептот е “или-или”. Без размислување и објаснување треба да се одбере едно име од две предложени.

Првото прашање гласеше: Федерико Валверде или Кунја. Собослаи го одбра Валверде. Следеше изборот меѓу Валверде и Витина, а Сзобослаи повторно го одбра играчот на Реал. Во анкетата беше додаден Мартин Одегард, но Валверде остана изборот на Унгарецот. Така беше и при споредбата со Френки де Јонг.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Меѓутоа, пресврт се случи кога беше додаден Лука Модриќ. Тогаш Собослаи го одбра легендарниот Хрват. Исто како и кога спроти него беа Џенаро Гатузо, Андреа Пирло, Андрес Иниеста и Кевин де Брујне. Потоа беше поставено последното прашање – Модриќ или Собослаи? Унгарецот насмеан одговори: “Исти сме.”

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан го сака дефанзивецот на Барселона

Дефанзивецот на Барселона Жерар Мартин се наоѓа на листата на желби на Масимилијан Алегри.…