Дома Фудбал Вторпат во седум дена нападнат судијата кој го запроси својот дечко!

Вторпат во седум дена нападнат судијата кој го запроси својот дечко!

Фудбалскиот судија Паскал Кајсер стана познат во јавноста откако неодамна, за време на натпреварот од Бундеслигата меѓу Келн и Волфсбург, го запроси својот партнер Мориц. Но, повторно бил жртва на физички напад, известува ksta.de.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Според германските медиуми, ова е втор физички напад на Кајсер за само една недела.

Да потсетиме, по јавната свршувачка, тој беше физички нападнат пред својот дом. Но, само седум дена подоцна, преживеал нов и насилен инцидент.

Кајсер изјави дека претходно добивал закани каде што била наведена неговата домашна адреса. Ја известил полицијата, која, како што вели тој, проценила дека нема непосредна опасност.

Дваесетина минути по одговорот од полицијата, додека пушеше цигара во дворот, бил нападнат од тројца мажи.

Кајсер тврди дека напаѓачите биле особено агресивни и верува дека нападот е директно поврзан со неговата јавна свршувачка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Два клуба го сакаат Ираола на клупата

Андони Ираола ќе го напушти Борнмут ова лето по одличниот резултат и промоцијата во Конфер…