Дома Фудбал Керик е прогласен за менаџер на месецот, Тијаго испишува историја во Премиер лигата!

Керик е прогласен за менаџер на месецот, Тијаго испишува историја во Премиер лигата!

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Керик, го доби признанието за менаџер на месецот во Премиер лигата за јануари. Керик, беше назначен да ја води екипата на “црвените ѓаволи” на 13 јануари, откако беше ангажиран како замена за отпуштениот Рубен Аморим, со договор до крајот на сезоната.

Керик оствари две значајни победи против водечките тимови на табелата, Манчестер Сити и Арсенал. Од тогаш, под негово водство, “црвените ѓаволи” завршија со уште две победи и едно реми. Манчестер Јунајтед моментално е на четвртото место со 45 бодови.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Истовремено, Игор Тијаго беше прогласен за играч на месецот во Премиер лигата. Бразилецот во последно време одигра два импресивни натпревара за “пчелите”, постигнувајќи три гола против Евертон и два против Сандерленд. Поранешниот фудбалер на Лудогорец влегува во историјата како првиот бразилски играч кој двапати ја освои наградата за играч на месецот, бидејќи истото го оствари и во ноември.

Инаку, Игор Тијаго го продолжи својот договор на долг рок со Брентфорд, потпишувајќи нов петгодишен договор со лондонскиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бернардо Силва има рок да каже „ДА“ на Јувентус, неговиот сонародник му предлага други опции

Триесет и едногодишниот португалски играч за врска Бернардо Силва полека го завршува својо…