
Лидерот во Првата фудбалска лига, Вардар, по убедливата победа од 5-1 над Арсими со која го отвори вториот дел од сезоната, испрати јасна порака дека покрај актуелните резултати, сериозно инвестира и во иднината.
Клубот денеска официјализираше професионални договори со тројца таленти од младинската школа – Никола Ристевски (2007), Христијан Јевтоски (2008) и Бљерон Бајрами (2008). Тројцата се обврзаа на верност кон „црвено-црните“ до 2029 година, а за сите нив ова претставува прв професионален ангажман во кариерата.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Од таборот на најтрофејниот македонски клуб истакнуваат дека ваквиот потег е дел од долгорочната стратегија за развој на сопствени кадри.
„ Дека е најсериозен фудбалски колектив во земјава со голема професионалност и посветеност кон овој спорт, препознаени квалитети од големи фудбалски имиња и клубови пошироко, ФК Вардар внимава на своите млади категории целејќи кон создавање на врвни спортисти пред се личности, кои ќе го оправдаат вложеното во нив носејќи ги во иднина боите на овој клуб. Во тој дух денеска ФК Вардар АД потпиша професионални договори со тројца играчи од младинската школа“, соопштија од Вардар.