Дома Фудбал Денеска може да биде голем ден за навивачот на Манчестер јунајтед кој чека да се шиша!

Денеска може да биде голем ден за навивачот на Манчестер јунајтед кој чека да се шиша!

Четири натпревари од 26. коло на Премиер лигата ќе се одиграат вечерва со почеток во 20:30 и 21:15 часот, а фокусот е на натпреварот во Лондон помеѓу Вест Хем и Манчестер Јунајтед.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Соочувањето меѓу „Чеканите“ и Црвените ѓаволи можеби не би привлекло толку внимание со оглед дека станува збор за дуел меѓу 18-тиот и четвртиот тим на англиското првенство, но овој натпревар ќе се следи најмногу поради Франк Иллет.

Познатиот навивач на Јунајтед е на чекор до исполнување на предизвикот бидејќи екипата водена од Мајкл Керик има четири последователни победи во лигата, а сега против Вест Хем се стремат кон петтата.

Триумфот би значел дека Иллет конечно ќе може да ја скрати косата, што не го направил од 5 октомври 2024 година.

Тогаш се заколна дека нема да ја скрати својата сега веќе раскошна коса сè додека неговиот омилен тим не оствари пет последователни победи во првенството, нешто што не се случило цели две години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

От Интер подготвуваат понуда за англиски репрезентативец кој треба да го замени Дамфрис

Управата на Интер подготвува понуда за англискиот репрезентативен бранител Џед Спенс, изве…