Дома Фудбал Халанд растура против „топ-6“ – еве кој му е омилена „жртва“

Халанд растура против „топ-6“ – еве кој му е омилена „жртва“

Ерлинг Халанд уште еднаш потврдува зошто важи за еден од најопасните напаѓачи во Премиер лигата, особено кога игра против најсилните клубови.

Норвешкиот голгетер има импресивен учинок во голови и асистенции против т.н. „топ-6“, при што најмногу блеска во дуелите со Манчестер јунајтед, против кои учествувал во дури 11 погодоци.

Против Арсенал има вкупно 7 голови и асистенции, додека против Челси и Тотенхем бројката е идентична – по 6 директни учества во голови. Најскромен ефект Халанд има против Ливерпул, каде што запишал 4 гола и асистенции, но и тоа е доволно за да се потврди неговото влијание во најголемите дерби-натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Германија не се истакна во дебито на Клоп, но беше на секунди од победа во Амстердам

Холандија и Германија одиграа 1:1 во натпревар од групата 2 во најсилната дивизија на Лига…