Дома Фудбал Каков хит: Не требаше да примат четири гола за да останат во лига – не се појавија на натпреварот!

Каков хит: Не требаше да примат четири гола за да останат во лига – не се појавија на натпреварот!

Веројатно не сте навикнати да слушате вести врзани за фудбал од Малдиви, но овој пат пристигнуваат неверојатни вести од нивните стадиони.

Иако фудбалската лига на Малдивите не е ни приближно позната по квалитет на играта за да се зборува на меѓународно ниво, последното коло од шампионатот донесе неверојатен скандал.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Екипата на Грин Стритс до последниот момент водеше борба за опстанок во лигата. Како што мечевите не се играат истовремено, тие веќе знаеја што им е потребно за останување во лигата пред завршниот натпревар.

За да обезбедат опстанок, не смееја да загубат со четири голови разлика. Некој од клубот се досети дека би било поумно да не излезат на теренот, наместо да се појават и ризикуваат пораз со четири голови разлика.

Поради оваа стратегија, екипата Гринс Стритс не се појави на последниот натпревар и резултатот службено се регистрира со 3:0, што им донесе опстанок благодарение на поволната гол разлика од само еден гол.

Со службениот резултат 3:0 екипата Грин Стрис заврши со гол разлика од минус 27, додека Клуб Валенсија испадна од лигата со конечна гол разлика од минус 28.

Сепак, постои можност Дисциплинската комисија на Фудбалскиот сојуз на Малдивите да преземе мерки по истрагата и да го исфрли Грин Стритс од натпреварувањето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Крај на штрајкот: Кристијано Роналдо се враќа во играта

Бел чад во Ријад. Конфликтот, кој го парализираше Ал-Наср и ја задржа фудбалската јавност …