Дома Фудбал Останато Нови детали за драмата со Линдзи Вон: Ова се двeтe причини зoшто познатата спортистка е на интензивна нега (Видео)

Нови детали за драмата со Линдзи Вон: Ова се двeтe причини зoшто познатата спортистка е на интензивна нега (Видео)

Вестите што доаѓаат од болницата во Тревизо за здравствената состојба на легендарната скијачка Линдзи Вон (41) предизвикаа вистинска паника меѓу нејзините многубројни навивачи. По страшниот пад на спустот во Кортина д’Ампецо, потврдено е дека Американката се наоѓа на одделението за интензивна нега, што веднаш покрена сомневања дека ситуацијата е критична.

Сепак, како што пренесуваат некои светски медиуми, зад овој драматичен термин се крие стандардна процедура, а не непосредна животна опасност.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


По тешката операција на ногата на која подложи веднаш по приемот во болницата, лекарите одлучија да ја задржат Линдзи на интензивна нега поради две клучни причини:

1. Строго следење на опоравувањето: Кај интервенции од ваков обем, стандардната медицинска пракса е пациентот првите часови да биде следен под постојан надзор за да се контролира циркулацијата, праг на болка и да се спречат било какви постоперативни компликации.

2. Максимална приватност (ВИП третман): Ова е причина што често ги следи светските суперѕвезди. Одделенијата за интензивна нега имаат строго контролиран пристап. За да се спречи упад на медиуми, папараци и орди фанови кои би можеле да ја вознемират шампионката, болницата во Тревизо го искористи ова одделение како своевиден “штит на безбедност”.

Лекарските тимови во Италија не сакаат ништо да ризикуваат. Со врвните италијански специјалисти, на лице место се и приватните лекари на Линдзи Вон кои пристигнаа од САД за да го надгледуваат секој чекор од нејзиното опоравување.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Страшен пад: Швајцарска скијачка можеше тешко да се повреди во Кортина (Видео)

Швајцарската натпреварувачка Сара Хефлин (35) ризично доживеа пад за време на зимските оли…