
Реал Мадрид изминативе месеци не се бори само со проблемите на теренот, туку и со атмосферата во клубот која сѐ почесто излегува во јавност.
Она што особено боде в очи е фактот што постојано се зборува дали тренерот им се допаѓа на играчите или не, како да е личен избор, а не професионална хиерархија.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Маноло Лама за време на гостувањето во емисијата “Ел Партидазо” на радио Копе отворено ја покажа негодувањето за ваквата состојба, користејќи иронија, но и остри зборови.
Искусниот новинар не ја криеше фрустрацијата поради тоа што играчите, според него, имаат преголема моќ кога станува збор за судбината на тренерот.
Особено се осврна на неодамнешната историја и заминувањето на Љаби Алонсо, за кого веќе тогаш се зборуваше дека имал затегнати односи со дел од соблекувалната.
Слична приказна, според наводите од Шпанија, сега ги следи и Алваро Арбелоа, чии некои одлуки не наишле на одобрение кај сите играчи.
Како најконкретен пример се споменува ситуацијата со Дани Себаљос, која дополнително ги распирила приказните за незадоволство во тимот.
Лама одлучи дека повеќе нема заобиколување и директно ги прозва играчите на Реал Мадрид за постојаното преиспитување на тренерите.
„Мислам дека Реал Мадрид би требало да направи референдум меѓу играчите да видат кој тренер им се допаѓа“, рече Лама во свој стил.
Неговиот сарказам тука не застана, туку дополнително ја зајакна пораката за апсурдноста на ситуацијата.
„На еден не одговара зошто тренерот е премногу строг, на друг бидејќи наводно не знае тактика… Па нека гласаат и да доведат тој со кој ќе ја освојат сѐ,” додаде тој.