
Реал Мадрид се соочи со нови санкции од УЕФА по последното коло на Лигата на шампионите.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Кралскиот клуб ја откри одлуката на дисциплинската комисија на УЕФА која се однесува на натпреварот против Бенфика во последното коло од групната фаза на Лигата на шампионите.
Иако дел од јавноста беше фокусирана на спортската страна и на случувањата на теренот, од сенка исплива и организациски пропуст.
УЕФА реши да го казни мадридскиот тим со парична казна од 40.000 евра бидејќи тимот задоцнил со излегувањето на теренот на стадионот Да Луж во Лисабон.
Натпреварот беше закажан да започне во време кога сите дуели од тој круг требаше да започнат истовремено, точно во 21:00 часот.
Задоцнувањето на Реал Мадрид резултираше со поместување на почетокот на натпреварот, што УЕФА го смета за сериозен прекршок на протоколот.
Европската фудбалска организација е позната по строгите мерки кога станува збор за вакви случаи, особено во колата со унифицирани термини.