Дома Останати Кошарка Неговиот татко е легенда на Бразил, а тој ќе дебитира за – Англија!

Неговиот татко е легенда на Бразил, а тој ќе дебитира за – Англија!

Синот на легендарниот бразилски фудбалер Тиаго Силва, ќе го оствари својот дебитантски настап за репрезентацијата на Англија, откако доби покана за У-15 селекцијата и се приклучи на подготовките.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тиаго Силва, кој е петтиот играч во историјата на бразилската репрезентација по број на натпревари со одиграни 113 меча, остави силно влијание во Челси, каде што сега играат и неговите синови.

Тиаго на своите синови им даде имиња Иаго и Исагу, а помладиот од нив, токму Иаго Силва (14), ќе настапи за Англија.

Иако и татко му и мајка му се Бразилци, Јаго веќе неколку години живее во Англија и го стекнал правото да игра за нејзината репрезентација, согласно со правилата за престој кои дозволуваат играчите да претставуваат нации што не се нивни родни ако тие живеат таму најмалку три години.

Иаго веќе пет години престојува во Англија, еден е од големите таленти на Челси, и сега се појави на подготовките на младите англиски фудбалери и изгледа дека ќе ја претставува оваа земја во иднина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Maкедонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс ќе игра во Шпанија!

По неуспешната авантура во Панатинаикос, македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс наскоро…